Студентите утре напладне ќе маршираат и во Битола

Од:

Студентите од Битола најавија дека ќе се приклучат на маршот во Скопје, со истовремени протести во Битола кои ќе почнат во 12 часот пред Техничкиот факултет а ќе заврши пред ректоратот.

-Студентите со години се влечкаме по бирократските лавиринти, протнувајќи се низ дупките на конформизот, додека достоинството ни се прпелка во прашината зад колапсот на образованието. Затоа ќе маршираме. Да си го повратиме достоинството.

Премиерот изјави: „Не знам зошто протестираат овие студенти, тие нема да полагаат државен испит, не се запишани по тој закон!“

Протестираме за да го одбраниме нашето право на квалитетно образование, протестираме за солидарност со идните студенти, протестираме затоа што образованието е јавно добро!

Институциите се глуви за нас. Отсекогаш биле. Затоа мора да сме гласни. Мора да им дишеме во вратот со константен притисок, додека не биде слушнат гласот на студентите.

marshSredaBitola1

Затоа, ве повикуваме сите студент(к)и и идни студент(к)и (средношколци и средношколки), работници и работнички, родители, наставен кадар/просветни работници – да ни се приклучите на маршот, затоа што маршот не е ексклузивен, маршот е инклузивен и автентичен! Се повикуваме на нашата општествена одговорност, на бунтот во нас – да се бориме за квалитетно образование!

Студенту – студентизирај се!

Работници, работнички, родители, професори и професорки – солидаризирајте се!

Eден свет – една борба!

Маршот започнува пред Технички факултет, продолжува кон Медицинско, по „Партизанска“ до фонтаната, по Широк Сокак – преку „Булевар 1-ви мај“ и завршува пред Ректорат на УКЛО.

Студентскиот марш е натпартиски!

НЕ ВАДЕТЕ ПАРТИСКИ И НАЦИОНАЛНИ СИМБОЛИ НА МАРШОТ, се вели во повикот од битолските студенти.

Би можело да ве интересира

Студентите со апел до Владата и до МОН да го продолжат бесплатниот превоз за студентите

Горан Наумовски

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

Студентите бараат информација дали и во 2025 година ќе има за нив бесплатен јавен превоз

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски