Студентите од штипскиот универзитет: Има сериозна бројка на заболени, не сакаме испитите да се полагаат со физичко присуство

Од:

Речиси 70 отсто од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се изјасниле дека се против полагање испити со физичко присуство затоа што се плашат дека може да заболат од коронавирусот. Студентското Собрание и ректорската управа веќе дошле до заеднички став дека најдобро решение е јунската испитна сесија да се одржи онлјан. Претседателот на Собранието на студентите, Мирко Наџаков, вели дека очекува Ректоратот да ја потврди одлуката бидејќи, како што рече, не смее да се замижи пред бројката на заболени од корнавирусот во Штип, која во последните денови постојано се зголемува.

„На факултетите во Штип има студенти од цела источна Македонија – Кочани, Виница, Свети Николе, Струмица. Патувањето со автобуси и меѓусебните контакти може да бидат ризик за ширење на вирусот меѓу студнетите, па затоа и повеќето во анкетата се изјаснија дека се против физичко присуство на испитите. Свесни сме дека онлајн-полагањето не може да го замени класичното лице в лице, но сепак најважно ни е здравјето на студентите, а од друга страна, Универзитетот има технички можности да организира онлајн-полагање“, вели Наџаков за „А1он“.

Јунската сесија на овој универзитет, како што информира тој, ќе се организира од 8 јуни до 17 јули, при што во меѓувреме тој треба да изготви правилници по кои ќе се организира испитната сесија по електронски пат.

За разлика од штипскиот, на скопскиот универзитет некои од факултетите јунската сесија ќе ја организираат онлајн, а други со физичко присуство на студентите. Дали испитот ќе се полага класично, при што студентот ќе одговара на прашања во присуство на професор, ќе одлучуваат факултетите и професорите по наставните предмети. Од факултетите на скопскиот универизтет засега ФИНКИ се изјасни дека јунската сесија ќе ја организира по електронски пат.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски