Студенти од пет градови протестираа против промена на името и двојазичноста во Штип

Од:

На плоштадот „Слобода“ во Штип против двојазичноста и промената на името се одржа протест во организација на студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На студентскaта етно-културна манифестација пристигнаа студенти од пет града од земјава.

„Овој настан е целосно непартиски и студентите се оградуваат од политичките партии и сите останати здруженија. Оваа манифестација е организирана од студенти од сите универзитети од Република Македонија“, велат студентите.

Студентот Сашо Кироски кој е еден од учесниците на протестот вели дека како студент сакал да ги открие историјата на Македонија и нашиот идентитет. „Јас сум студент по археоогија и многу добро ја познавам историјата на Македонија. Зад нас гледам бројка на народ која застанаа во одбрана на името и татковината. Овој настан кој е со идеја за зачувување на македонскиот идентитет, не е со партиски преднак, народот пристигна самооиницијативно за одбрана на Македонија“, вели тој.

Петар Костадинов, студент на штипскиот универзитет вели дека мора да има крај на разнибитувањето на Македонија. „Не е добро ова што се случува. Силата е во младите“. Според него, во моментов идентитетот на Македонја е загрозен. Поради тоа во Штип се пристигнати студенти од 5 градови, без партиски бои, кои на мирен протест, на кој не се повикува на насилство ќе се упатат поракте за заштита на идентитетот и името.

Студентите протестираат и против законот за двојазичност, кој според нив го крши Уставот и ја разнебитува историјата на Македонија.

Овој настан е мултикултурен, а на присутните ќе им се обратат и припадници на помалите етнички заедници, кои ќе го искажат своето незадоволство од двојазичноста. На настанот се упатува порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите. Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.

Студентите најавија дека следниот протест ќе се одржи во Битола.

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…