Студенти на Штипскиот универзитет фалсификувале документи за да заминат во странство

Од:

Управата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се размрда по дописот што деновиве пристигна од амбасада на една странска држава во Македонија.

Според дописот што пристигнал до управата, двајца студенти, со цел да заминат во странство преку студентска програма, фалсификувале документ со која се потврдува активниот статус во дадената академска година. Покрај потврдата, студентите сами допишале дел од оценките во своите индекси, а ги фалсификувале и потписите на своите професори.

Електронскиот индекс, кој функционира трета година, како и двојната евиденција што ја води Универзитетот за секоја издадена потврда ќе помогнат да се осознае вистината.

Доколку се утврди дека студентите навистина ги фалсификувале овие документи, од управата на Универзитетот уверуваат дека на сторителите ќе им биде изречена соодветна дисциплинска санкција предвидена со статутот на институцијата, а ќе биде поднесена и кривична пријава.

Надлежните на Универзитетот апелираат студентите да не се впуштаат во вакви казнени дејства, бидејќи вистината секогаш испливува на виделина.

Според шпекулациите што кружат меѓу граѓаните, станува збор за студенти на Факултетот за медицински науки и Факултетот за природни и технички науки.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски