Студено утро, преку ден умерено до значително облачно

Од:

Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно.

Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Како што информира УХМР, утре претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег.

Во следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

Би можело да ве интересира

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд