Денеска облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд