Стружани снабдени со огревно дрво, „Македонски шуми“ има залихи

Од:

Стружани се снабдени со потребните количини огревно дрво, а испораката е направена пред почетокот на грејната сезона, информира директорот на подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Струга Жарко Бебекоски.

Според него, на плацот на „Македонски шуми“ имало залиха од 600 метри кубни од каде заинтересираните може да купат огревно дрво.

– Има слаба побарувачка, градот е снабден. Испораката е завршена на време сега праќаме и за Скопје, Прилеп и за други градови. Ако стружани се заинтересирани во секое време може да дојдат да си купат дрва. Моментално на плацот има залиха од 600 метри кубни, изјави Бебекоски за МИА.

Цената на огревното дрво во „Македонски шуми“ е непроменета од претходните години односно метар квадратен даб е 2.453, а бука 2.371 денар.

Во однос на дрвокрадците, Бебекоски посочи дека со акцијата „Гора“ намалена е некотролираната сеча на шумите за околу 70 отсто, но оти сеуште има и тешко е да се искорени.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

Орце Костов

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД