А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стружанец осомничен за продажба на хероин

by А1он29/04/2015 - 12:03110
Share0

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицето 40-годишниот Д.У. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Добивај вести на вибер

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 27-ми овој месец, пријавениот, на 43-годишниот Д.Д., наркозависник од Струга, му продал помала количина опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на пресекот на улиците „Маршал Тито“ и „Арсеније Јовков“ во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор.

– На местото на средбата, пријавениот Д.У. пристигнал со неговото патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со струшки регистарски таблици, по што следела брза купопродажба на хероинот. Веднаш потоа, Д.Д. е пресретнат од полициските инспектори кој при тоа се обидел да го исфрли хероинот запакуван во црна најлонска фолија, вели Димоски.

При извршен претрес во домот и други простории кај пријавениот Д.У., во кујната, во фиока била пронајдена мала дигитална вага за мерење на мали количини со траги од прашкаста материја. Дополнително, на првиот кат во неговата спална соба над ормарот било забележано и едно мало пакување од црна најлон фолија со прашкаста материја идентично на пакувањето пронајдена претходно кај наркозависникот Д.Д.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот Д.У. е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.

drogamvrstruga

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он21/02/2026 - 11:3021/02/2026 - 11:05

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он21/02/2026 - 09:1621/02/2026 - 11:51

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен