А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Струшката библиотека доби современа читална

by А1он11/12/2015 - 17:17143
Share0

Во рамки на кампањата „Земи книга – подари книга“, ЕВН Македонија донираше современо опремена читална во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде стотина деца од 8 до 14 години посетуваа работилници и научија разни вештини за приод кон литературата.

Добивај вести на вибер

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски при денешната посета на библиотеката изрази задоволство што на едно место можеа да се видат многу генерации стружани кои дојдоа во читалната да остават книга и да земат книга. Идејата, појасни тој, почнала да се реализира случајно, со поддршка на ЕВН на неколку македонски автори кои досега немале објавено свои дела, им помогнале да ги објават.

– Потоа се преточи во сеопфатна акција во која помогнавме да создадеме култура на читање и да поттикнеме многу генерации да читаат книги. Се надеваме дека овие наши напори придонесоа да се зголеми бројот на почитувачи и љубители на книгата. Покрај во Струга, вакви читални се донирани и во Битола и Скопје каде малите дечиња добиваат можност да бидат поблиску до пишаниот збор и да ја развијат љубовта кон него, да не биде земање книга затоа што мораат да ја читаат, затоа што е лектира, туку затоа што сакаат да ја читаат, изјави Ковачевски.

Кристина Тодороска-Петреска, локален координатор на проектот „Подигање на свеста за читање“ на Паблик и ЕВН Македонија, кампањата ја оцени како успешна. Според неа, многу граѓани ја посетиле читалната, оставиле свои книги и земале други за читање. Информира дека на работилниците работеле интерактивно, имале можност да го слушнат мислењето на младите и жанровски ја избирале литералтурата, со цел да излезат во пресрет на нивните интереси за книга.

knigi

Би можело да ве интересира

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on15/11/2022 - 15:14

Меѓународна тркалезна маса за лексикографските трудови во Македонија

Наум Локоски17/06/2017 - 09:41

Штипската библиотека доби 27 книги отпечатени на Браевото писмо

Наум Локоски16/06/2017 - 16:03

Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

Емир Латифовиќ22/09/2016 - 16:40

Јовица Тасевски – Етернијан на Саемот на книгата

Емир Латифовиќ16/04/2016 - 11:56

Кампања на ЕВН Македонија за подигнување на читачката култура кај младите

Емир Латифовиќ23/06/2015 - 16:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен