Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Од:

Тридневната манифестација Денови на македонската литература за деца 2025 во Белград, заврши во саботата со посета на Саемот на книгата во Белград и потпишувањето меморандум за соработка помеѓу македонското книгоиздателство „Едука Мак“ и познатото српско книгоиздателство за деца „Пчелица“.

Претходниот, втор ден од книжевната визита за деца, беше реализирана посета на детска градинка во белградската општина Савски венац, каде со вработените во градинката беа разменети искуства поврзани со воспитанието на најмладите и нивна едукација преку литература за најмладите од предшколска училишна возраст. На сите дечиња од градинката им беа поделени сликовници и ракотворби со македонски обележја, изработени од претставничките на македонската литературна делегација.

Деновите започнаа со промоција на шест авторки на книги и сликовници, издадени од книгоиздателството Едука Мак во 2024 и 2025 година, а централен настан беше промоција на наградената книга-сликовница за деца од авторката Билјана Лотеска, чиј промотор беше проф. д-р Елизабета Бандиловска. На настанот присуствуваше и најмлада публика од нашата македонска заедница во Србија, а Едука Мак на сите ним им подели пригодни подароци, сликовници и книги за деца.

Домаќин на настанот во Белград беше македонскиот Културно-информативен центар и директорот Васко Шутаров, идеен автор и коорганизатор на целиот овој проект и настан беше м-р Ели Маказлиева. Гостувањето на Едука Мак во Белград беше поддржано од Министерството за култура и туризам.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности