Струмички земјоделци еден час го блокираа патот Радовиш – Струмица

Од:

Струмички земјоделци денеска еден час, од 12 до 13 часот, го блокираа регионалниот пат Радовиш – Струмица. Тие бараат итна средба со надлежните институции на која, како што истакнаа, ќе разговараат за темите кои ги засегаат производителите.

– До петок бараме итна средба со министерите за земјоделство и за финансии и со директорот на Платежната агенција за да се најдат начини за итно исплаќање на субвенциите. Потоа бараме да се најде начин за надоместок поради ниската цена по која деновиве се продаваат градинарските производи. Бараме институциите да ни помогнат да се исплатат производите од минатогодишната реколта, како и функционирање на Собранието и формирање влада, изјави Ристо Велков, од Регионалниот синдикат на земјоделски производители.

Продажната цена на зелката деновиве изнесува осум денари по килограм што, според земјоделците, не ги покрива ниту производствените трошоци.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица