Струмичката болница доби санитетско возило откако директорот апелираше преку Фејсбук

Од:

Струмичката болница денеска доби санитетско возило од Дирекцијата за заштита и спасување, кое досега го користеше Центарот за јавно здравје во Струмица.

Возилото е дадено откако за време на викендот, директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, на Фејсбук побара помош за донации за набавка на возила за превоз на пациенти до Скопје и Штип.

-Со превозот на пациенти се најдовме во многу тешка состојба заради застарениот возен парк. Имавме само две возила, од кои едното го користевме за транспорт на други пациенти, а второто за болни од коронавирусот. Ова возило ја има сета потребна опрема за превоз на пациенти и многу ќе ни помогне во овој период, вели директорот Гогов.

Тој додава дека до крајот на годината треба да пристигнат две нови амбулантни возила од Министерството за здравство, со што болницата ќе ги има сите услови за превоз на пациенти.

Инаку, во последните денови во Струмичко драстично е зголемен бројот на заболени од Ковид-19 со рекордни 80 заболени во еден ден како што беше завчера. Сместувачките капацитети во струмичката болница од четирисетина кревети се целосно исполнети, а секојдневно на амбулантна терапија доаѓаат уште 42 пациенти.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски