Струмичани гневни на Владата: Протести поради одлуката да се спојат двете концесии за рудник за бакар и злато во Босилово и во Ново Село

Од:

Струмичани гневни на информацијата дека Владата на вчерашната седница донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден, кои се наоѓаат на териториите на Општините Босилово и Ново Село.

Во последниот број на „Службен весник на РСМ“ бр.141 од 04.07.2023 г. се објавени следните прописи:

„Одлука за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“, Општина Босилово со концесијата за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс ресоурцес ДОО Скопје“.

Ова одлука доаѓа неколку месеци по инвестицијата на сопственикот на „Еколог“, Назиф Дестани кој важи за голем донатор на ДУИ, преку неговата компанија „НД Груп“ од Холандија инвестираше три милиони евра во канадската компанија „Еуромакс“.

Веднаш потоа Управниот суд ја уважи жалбата на Канаѓаните кои ја обжалија владината одлука за раскинување на договорот за една од концесиите за експлоатација на руда во времето кога премиер беше Зоран Заев.

„’Еколог’ е помоќен од нашето државно судство, а ова спојување го докажа тоа. Тоа што го бараше ‘Еуромакс ресурси’ со години наназад, исто како и што 12-те пресуди на Управен суд и Виш управен суд го бараа, што досега никој не се дрзна да им даде, сега премиерот им дозволи да ги спојат концесиите, но секако со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложи милиони евра за 25% од акциите во ‘Еуромакс ресурси’. Најавуваме дека народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин. И ние имаме ‘чизми’ кои многу време не се извадени. Време е за народна буна“, објавија од „Здрава котлина“.

На ова реагираше и Зелената партија ДОМ која бара од Министерството за економија и Владата, како и од општините Босилово и Ново Село, да не дозволат изградба на рудникот “Иловица-Штука”.

По владината одлука за спојување на концесиите, сериозна е загриженоста дека се планира отворање на овој рудник. ДОМ останува цврсто на ставот против отворање рудници, затоа што тие се штетни по животната средина и здравјето на луѓето. Последиците од уништувањето на природата и загадувањето од рудниците остануваат присутни со децении по нивното затворање. Не смееме да дозволиме заради остварување на профит на поединци, да ја уништуваме иднината на сегашните и идните генерации. Да се посветиме на развој на зелената економија и отворање зелени работни места, за да обезбедиме здрав и квалитетен живот за граѓаните и просперитет на македонското општество“, велат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите