Струмичанец шверцувал мигранти од Турција

Од:

На 9.9.2022 во 21 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај наплатна рампа Демир Капија, од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ било сопрено патничко возило „мерцедес Ц 200“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(26) од Струмица.

При извршена контрола во возилото било констатирано дека во него се превезувале Б.С.(22), М.М.(23) и Д.М.(27), сите од Р.Турција, кои немале уредни патни исправи.

Од извршената проверка било констатирано дека тие немаат остварено влез во државата на официјален граничен премин.

Сите четворица биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод