Струмица: Второто полугодие во училиштата почна со штрајк на наставниците

Од:

Второто полугодие од учебната 2014/2015 година во општинските основни и средни училишта во општина Струмица, денеска, почна со штрајк на наставниците. Согласно законските обврски и своите надлежности Општина Струмица ги обезбеди сите услови за непречено одвивање на наставата, а учениците кои дојдоа во училиштата беа прифатени. Исто така, прифатени се и децата во сите клонови на градинката „Детска радост“.

-За почетокот на второто полугодие во оваа учебна година, општина Струмица ги  обезбеди сите потребни услови за работа на општинските основни и средни училишта кои се во нејзина надлежност. Денеска, не започна наставата во општинските основни и средни училишта, бидејќи според одлуката на СОНК беше најавен и е организиран штрајк  кој почна во раните утрински часови. Општина Струмица ќе ги преземе сите потребни мерки согласно законот за непречено одвивање на наставата и се разбира, не навлегувајќи во она што СОНК го има најавено и организирано, изјави Зоран Узунов.

Освен во училиштата и градинката, денеска се штрајкува и во библиотеката „Благој Јанков Мучето“. Вработените во овие установи се на работните места, но не ги извршуваат своите работни задачи.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени