Струмица и околината денеска без вода

Од:

Граѓаните на градот Струмица и петте населени места Просениково, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Баница дека денеска ќе останат без вода за пиење, известуваат од општина Струмица.

Во текот на ноќните часови, а како резултат на испуштање на вода од браната „Турија“ направена е штета, односно, скината е главната доводна цевка за водоснабдување на општина Струмица.

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Граѓаните навремено ќе бидат известувани за активностите на отстранување на дефектот и кога ќе се нормализира водоснабдувањето, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица