А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Струјата ќе поскапи 13 проценти ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите, одлука околу 20 јуни

by А1он31/05/2023 - 14:38801
Share0

До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатели тоа би значело нејзино зголемување за 13 проценти, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент.

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под пет проценти.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти, изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар.

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

-Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега, рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

– Ако го пресметате ДДВ не е 8 проценти зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно 7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела, посочи претседателот на РКЕ.

marko bislimoskiregulatorna komisija za energetika

Би можело да ве интересира

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:51

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори, регистрира Регуларона

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:30

Грејната сезона продолжува на 1 и 2 мај, соопшти Регулаторна

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:21

Завршува грејната сезона

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 12:50

Ацо Ристов ја презеде претседателската фунција во Регулаторна комисија

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:51

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто