Струга годинава ќе има кумови за празникот Водици

Од:

Празникот „Богојавление“ во Струга годинава, за разлика од претходната, ќе има кумови кои веќе ги преземаат обврските околу организацијата.

Годинешните кумови Перо Петкоски и Ѓоко Илоски деновиве во организација на црквата „Свети Ѓорѓија“ ги прават последните подготовки за одбележување на овој голем православен христијански празник.

– Годинава, за доброто на градот ќе има кумови. Нивната задача е да го афирмираат овој голем христијански празник на кој се осветуваат водите на реката Црн Дрим. Кумовите го организираат ручекот во хотелот „Београд“, а ќе подарат и златен крст на капачот кој ќе го извади светиот крст од водите на реката. Богослужбениот дел на мостот на реката Црн Дрим ќе го одржиме ние, велат во црквата „Свети Ѓорѓија“.

И годинава во фаќањето на светиот крст ќе учествува дваесет и тригодишниот Ристо Талески кој лани успеа прв да доплива и да го извади крстот од реката Црн Дрим. Тој вели дека учествува за среќа и здравје, а не за какви било подароци.

– Досега три пати сум го извадил крстот од водите на реката. Уште од мал учествувам на овој празник и годинава ќе скокам по петнаесетти пат. Верувам во Бог и учествувам за здравје и среќа, а не за подароци. Ова е најубавиот ден за мене, за стружани и за мојата Струга. Тогаш владее посебна атмосфера во градот. Мислам дека е голем празник на среќата, љубовта, здравјето и зближувањето меѓу луѓето, раскажува Талески.

Празникот „Богојавление-Водици“ важи за еден од најголемите празници во православниот христијански свет. Се одбележува уште од вториот век од христијанската ера. Со него завршуваат и дванаесетте некрстени денови, а се заокружуваат и празнувањата поврзани со Бадник, Божиќ, и Василица.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски