ФОТО: Струга го одбележа Денот на независноста на Албанија

Од:

Со концерт на градскиот плоштад, а во организација на градските власти и невладини организаии во Струга беше одбележан денот на Албанското знаме и Денот на независноста на Албанија.

Учениците од двете струшки средни училишта неколку часа не беа на настава за да присуствуваат на свеченоста која започна во 11 часот.

Со марш на кој присуствуваа голем број граѓани се направи обиколока на сите споменици на албански писатели и истакнати личности кои имаат свои спомен обележја во Струга, а се поклонија и пред споменикот на Мајка Тереза во Струга, како и пред бистите на Ибраим Темо и Д-р Хима.

[nggallery id=87]

Свечено беше откриена Спомен плоча на потписникот на актот за независна Албанија во 1912 година во Валона, Муртеза Струга кој бил стружанец.На муслиманските гробишта беше откриен реновираниот гроб на Нури Сулио вториот потписник на актот за независна Албанија, кој почива во Струга.

На свеченоста настапија и голем број пејачи и музички групи од Струга и струшко,а свој говори имаше и градоначалникот Рамиз Мерко.И покрај најавите дека свеченоста на плоштадот масовно ќе биде посетена,бројот на оние кои дојда беше незначителен.

Во текот на денот голем беше бројот на граѓани од Струга и струшко кои организирано со автомобили и автобуси заминаа за Тирана на централната прослава.Од општина Струга рекоа дека нивна делегација нема да оди во Тирана, бидејки на неколку пати градоначалникот веќе бил на свеченостите кои се одржуваа во меѓу време на повеќе други места.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски