Илинден е државен празник, a сепак на улиците на Струга денеска нема државни знамиња, објави телевизијата Телма.
Јарболите се празни, а на празникот асоцира само по некое знаме истакнато на индивидуални објекти или згради.
Градоначалникот Села во телефонски разговор за Телма рекол дека непоставувањето на државните знамиња на празникот Илинден, е пропуст на јавното комунално претпријатие, и дека истиот ќе биде корегиран и дека во текот на денот знамињата ќе бидат поставени на јарболите на градските улици.