Стражарат и кај Милчин – Уште не тепале

Од:

Вчера, како што објави, Владимир Милчин пред куќата во која живее му пришло момче кое го прашало зошто не се придружи на протестите и му рекло дека моментно не тепаат, туку само плукаат.

И утрово друго момче со телефон било пред вратата на домот на Милчин.

Еве што напиша Владимир Милчин.

Момчето седеше на клупа пред куќата во која живееме. Немаше капа. Држеше телефон. Андроид. Кога Ема и јас излеговме, стана и ми се обрати: Господине Милчин, зошто не му се придружите на македонскиот народ на протестите?

Му одговорив дека не одам со тие кои тепаат новинари. На тоа тој изговори антологиска реченица: МОМЕНТАЛНО НЕ ТЕПАМЕ! Тоа беше вчера, малку пред инцидентот кога момче со капа го плукнало Борјан. Момчето без капа пред нашата куќа изговори и нешто како прашање дали не му се придружувам на македонскиот народ зашто си седам дома и ги бројам парите од Сорос. Звучеше нервозно и неуверливо, папагалски повторуваше научени реплики.

Изутринава на истата клупа седеше друг. Со капа. И тој имаше телефон. Андроид. Телефонираше, па се шуткаше, па пак телефонираше. Па стана и отиде до големата улица. Таму му се придружија момче и девојка кои си постојаа со него, па ги снема. Момчето со капа остана, загледан кон куќата од која очекуваше да излезам. Потоа, виде не виде, го снема…

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела