Стража му скршила ребра од тепање на затвореник во Идризово

Од:

Двајца стражари вчера претепале затвореник во Идризово кој е префрлен веднаш на скопската клиника. А1он ги има имињата на тепачите но ќе почека да се огласи Управата за извршување на санкции со детали за овој случај, со оглед дека биле запознаени со инцидентот.

На претепаниот затвореник, Зукер Ибраимов му биле скршени четири ребра, имал внатрешни крварење и врз него се врши оперативен зафат.

Затвореникот кој е на издржување на казна од 10 години бил претепан зашто го терале да работи, а кога им кажал дека има друга работа се нафрлиле врз него.

Затворениците тврдат дека од Управата за санкции и народниот правобранител биле во затворот, но дека тоа ништо не помага со оглед дека полициските командири се поставени по партиска линија и се заштитени. Тие се жалат дека секојдневно се тепани и малтретирани без причина и дека никој не може да ги заштити.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он

Спречено филмско бегство од затворот во Риека

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти