Стотина Роми протестираат поради уривањето на нивните бараки под Кале

Од:

Стотина жители од ромското маало под Кале, чии импровизирани живеалишта беа урнати пред неколку дена, излегоа на протест пред просториите на Град Скопје за да побараат решавање на проблемот со нивното домување, пренесе Макфакс.

Нивни претставници влегоа да разговараат со градските власти за изнаоѓање заедничко решение.

Уривањето на десетици импровизирани домови на малата ромска заедница беше направено на први август, во заедничка акција на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика. Ромите од ова маало по втор пат остануваат под отворено небо. Тие и во февруари годинава протестираа пред Владата против уривањето на нивните импровизирани куќи барајќи помош од институциите.

Од Град Скопје појаснуваат дека земјиштето било приватно, а во неколку наврати ги предупредувале жителите да ја напуштат локацијата бидејќи нивното засолниште е нелегално.

Се работи за релативно млади луѓе кои имаат и по повеќе деца. Велат дека денеска не заминале ни на работа, седат да го чуваат она малку што им останало.
Се жалаат дека немаат струја и вода, дека децата немаат со што да ги избањаат, а се плашат и од ширење заразни болести.

Го повикаа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски да разговара со нив, затоа што, велат, „и тие се луѓе“.

„Нека ни го решат стамбеното прашање. Нека ни дадат и на нас станови, како што им даваат на оние што веќе имаат. Што сме ние?“ прашува една млада мајка.

Тие седат под сенките на дрвјата во Градскиот парк, пред канцелариите на Град Скопје, и чекаат да го слушнат исхопот од средбата на нивните претставници со градските власт. Се надеваат дека нивниот проблем ќе биде решен.

Би можело да ве интересира

Гори на скопско Кале

Катерина Ѓуровски

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Град Скопје не добил допис за потпорниот ѕид на Скопското Кале, одговорност од НУ „Конзерваторски центар“

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он