А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Стотина мигранти сместени во транзитниот центар Табановце

by А1он11/03/2016 - 11:46127
Share0

Околу 100 мигранти, претежно жени и деца, од меѓуграничната линија на Македонија и Србија вчера попладне и денеска се префрлени и сместени во четири големи шатори, донација од „Лекари без граници“ во транзинтиот центар Табановце.

Следете a1on на Instagram Instagram

– На граничната линија има уште 300 мигранти од кои дел сакаат да се префрлат, а дел не. Ќе видиме како ќе се одвива состојбата во текот на денот. Во меѓувреме полицијата откри 40-тина економски мигранти во товарен воз и тие се сместени во центарот, изјави координаторот на центарот, Горан Стојановски.

Групата од 437 мигранти кои пристигнаа со воз на 7 март не успеа да го продолжи тразитот кон север бидејќи српската страна одлучи да не пропушта мигранти. Тие четири дена поминаа на отворено во меѓуграничната линија сместени во мини шатори.

Во тразитниот центар Табановце има околу 1450 мигранти. Капацитетот веќе е надминат, но надлежните велат дека имаат услови да обезбедат храна, вода, медицинска помош, облека и други услови за мигрантите и бегалците.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Општата болница во Куманово помош била пружена на шестмина мигранти, а Центарот за јавно здравје извршил дезинфекција на површина од 2.600 метри квадратни. Вчера е одржан и состанок со невладините организации при што е договорен начин на дистрибуција на храна поради зголемениот обем на работа, информираат денеска од РЦУК.

Во центарот се работи и на поставување канализациони цевки и се врши сервис на постоечките тоалети.

migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео