Столтенберг: НАТО подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потсети дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом биде имплементиран Преспанскиот договор.

Непосредно пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките, Столтенберг повтори дека сега е на македонските власти да го завршат својот дел од работата.

– На Собранието и властите во Скопје е да донесат одлуки, не можам да гарантирам во име на Скопје. Она што го видовме е дека првото гласање каде беше потребно двотретинско мнозинство помина, дали ќе има двотретинско повторно на последното гласање не е на мене да шпекулирам, она што можам да го кажам е дека штом договорот за името е имплементиран ние сме подготвени да го потпишеме пристапниот протокол, изјави Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека штом се потпише пристапниот протокол македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на Алијансата.

– Навистина се надевам дека Скопје и народот во земјата ќе ја искористат оваа историска прилика што се случува еднаш во животот, изјави Столтенберг.

Алијансата се состанува во вторник и среда на министерско ниво за да дискутира за големите безбедносни предизвици. Западниот Балкан е на агенда во среда, а македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, ќе има билатерални средби со негови колеги на маргините на овој состанок во Брисел.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна