(ВИДЕО) Столтенберг: Идејата дека може да го отфрлите договорот со Грција и да се зачлените во НАТО е илузија

Од:

Идејата дека може да го отфрлите референдумот и спогодбата со Грција, а да станете членка на НАТО е целосна илузија, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

„Нема друг пат за зачленување во НАТО освен прифаќање на договорот со Грција. Знам дека некои во земјата може да кажат ‘не’ за референдумот, а ‘да’ за членство во НАТО, но нема таква алтернатива. Ако нема спогодба за името нема ни членство во НАТО“, рече тој.

Столтенберг рече дека ги охрабрува гласачите да се појават во голем број на референдумот. „Ова е единствена шанса во животот да станете дел од НАТО. Разговорите се во тек, членството во НАТО е на дофат. Ова е прилика да се зајакне мирот и стабилноста како во земјата така и во регионот“, рече Столтенберг и додаде дека е убеден дека кога ќе заврши националната прцедура сите членки на НАТО ќе го ратификуваат пристапувањето на Македонија.

Тој додаде дека членството во НАТО обезбедува и економски просперитет и ја спомена Црна Гора во која, како што рече, откако лани пристапила кон Алијансата инвестициите во земјата двојно се зголемиле.

Столтенберг забележа дека реформите во земјата се спроведуваат. „Сакаме да ја видиме вашата земја како успешна земја, вратите на НАТО се отворени, но само народот на оваа земја се тие кои ќе можат да одлучат да го изодат тој пат. Вашата иднина е во во ваши раце додека ние ве чекаме во НАТО“, порача Столтенберг.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО