Стојчевски од реформаторите до Груевски: Се срамам само од тебе, ако знаеш што е срам Никола

Од:

Александар Стојчевски, дел од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ со Фејсбук статус врати на нападите на лидеот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој вчера во интервју за една телевизија рече дека реформаторите биле изнајмени и ќе се срамеле додека се живи.

„Се срамам јас само од тебе, никогаш нема од себе, се срамам што во 2003 год. буквално ќе се степав со моите другари за твоја слика да стои во МК Ново Лисиче а да се тргне на Љубчо (Сарма ти е жив сведок). Се срамам од тебе што сум те нарекувал претседател, но никогаш “шефот” или “човекот” како што знаат да те нарекуваат твоите поданици. Се срамам кога те слушав во бомбите како преговараш за името, се срамам кога те слушав како договараш брз Закон за јазици, се срамам што донесе Закон за амнестија на воени злосторници врз цивили под уцена на ДУИ, се срамам што никогаш не донесе Закон за бранители истиот го повлече под уцена на ДУИ , се срамам кога македонските чесни патриоти ги нарекуваш насилници, се срамам како преговараш за процентите од народот, се срамам кога на политички неистомисленици нарачуваш шамари, се срамам што до вчера сум имал претседател кој место едно благодарам да ми каже за мојата лојалност, за моите 20 години поминати во партијата за која сум дал крв, солзи и пот, 11 пати те правев победник на избори, секогаш во први редови за ВМРО-ДПМНЕ а секогаш како што викаш ти 6ти ешалон што ме прави посебно горд. Ако знаеш што е срам Никола“, напиша Стојчевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски