Стојановски: Арсовска не може да ја сработи работата и која е нејзина надлежност

Од:

Денес ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба. И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност вели советниот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Мартин Стојановски.

– Според неа сите се виновни само Данела Арсовска е исправна. Максимата модерно Скопје, со Данела Арсовска добива нова смисла, неспособно Скопје. Народот вели на човек можеш со сила да му земеш, но не можеш да му дадеш. Жал ни е што не ја прифаќа понудената помош. Сериозно треба да се разгледа можноста за кривична постапка за Арсовска за неисполнување на законските обврски и надлежности согласно закон. Синхронизираното делување и изјави на Данела и СДС е повеќе од очигледно. Нема човек кој не ја препознава вистината. И ќе сториме се што е во наша моќ да ги корегираме нејзините испади, неработење и неодговорно и детско однесување. СДС ја киднапира Арсовска држејќи ја, и уценувајќи ја за криминални и неморални постапки. И сега како што СДС е измеќар на ДУИ, Арсовска е на СДС, рече Стојановски во одговор на денешната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО