Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни. Наместо СДСМ да ги обвинува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, редно е да седнат и да изработат проект за нов Клинички центар па потоа ќе се дискутира за заем за реализација на ваков сериозен капитален проект рече денеска на прес конференција во Собранието пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска одговарајќи на обивиненијата од СДСМ дека опозициската партија ја блокира изградбата на новиот Клинички центар.

Имено, да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната Влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на Ургентен Клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8ми Септември“ и исто така изградба на уште три Универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра.

Иако Заев го побарал овој предлог на увид до ден денешен сеуште нема никакви реакции по истиот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?