Стојанов: Нудиме проекти за подобрување на животот во Василево

Од:

Кандидатот за градоначачлник на општина Василево на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Стојанов, денеска на прес-конференција истакна дека нема да се осврнува на, како што рече клеветите, навредите и неоснованите обвинувања, туку на проектите што ги нудат.

– Вие сте тие што ќе донесете одлука и го имате последниот збор за нашата општина, за нашата татковина. Најважната наша цел е да ги реализираме волјата и потребите на граѓаните. Вие многу добро знаете кој обезбедува услуги и работа, а кој само зборува напразно, кој ги исполнува своите ветувања, а кој ги заборава своите ветувања, чии ветувања се реални, а чии ветувања се бесмислени, рече Стојанов.

Додаде дека, тој и кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ имаат подготвено визија и план за да ги довршат сите започнати проекти и да почнат реализиација на нови.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината