Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Од:

Лицемерието на СДС излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ на денешната прес – конференција во Собранието.

Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието.

Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание.

Ете толку треба да знаете за лицемерието на СДС. Пред камери едно, зад нив друго.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ја затвораме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ