Стоилковски: Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково?

Од:

Цела недела СДСМ и од нив раководените државни институции коишто треба да се борат со корупцијата и да работат на градење правна држава со кредото „нема повластени пред законот“, молчат за случајот „Дивоградба во Волково“. Обидот за забошотување на случајот веројатно се должи затоа што станува збор за Дарко Каевски, сега пратеник и портпарол на СДСМ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Ќе потсетам, 30 годишниот Дарко Каевски, со 3 години директорска плата во Агенцијата за млади и спорт, во 2020-та година несразмерно го зголемува семејниот имот. Дарко Каевски по цела недела прозивки, не посочува документи, дозвола за градење. На местото на стара легализирана куќарка од неполни 40 м2, во 2020-тата година никнува луксузна хациенда во медитерански стил со базен. Сателитските снимки од алатката Гугл се доказ за градежната активност во 2020-та година, дека се работи за целосно нов објект, а стариот целосно е срушен. Во 2020-та година, Волково е администрирано од СДСМ, со градоначалникот Александар Наумоски. Истата година, Дарко Каевски станува пратеник во Собранието, а во анкетниот лист и претходно како директор на Агенцијата за млади и спорт и анкетниот за пратеник, навел „неизградено градежно земјиште“ во Волково. Ниту пред 2020-та било неизградено, ниту во 2020-та било неизградено. Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково вели Стоилковски.

Тој дополнува дека во анкетниот лист Каевски навел дека истата година 2020-та, купил стан од 65 м2 во Скопје.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ