(ВИДЕО) Стоилковски: Заев мора да каже што прифатил да се избрише од Уставот

Од:

„Зоран Заев на среде рокот за водење на референдумска кампања, мора да застане со лагите, манипулацијата, заканите и поткупот на гласачкото право. Каква ќе биде „Непријатната измена“ и како ќе гласи Преамбулата според грчките условувања?

Зоран Заев мора да каже што договорил и што прифатил да се избрише од Уставот согласно прифатените грчки услови во Капитулацијата. Мора да каже каква „Непријатна измена“ подготвил на Уставот на Република Македонија и за каква држава ги тера граѓаните да гласаат?“, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев мора да престане да го лаже и плаши народот само да му мине капитулацијата. Мора да престане да го руши угледот на меѓународните организации, злоупотребувајќи го во своите лаги. Заев, одважи се и издигни се над твоето плашливо зајачко срце и кажи што прифати од грчките условувања, што ќе менуваш во Уставот, во Преамбулата, во членот 3 во членот 49, во целиот Устав на Република Македонија.

Заев очекува македонскиот народ да се самоукине, да го смени идентитетот, името и Уставот, само заради тоа што тој вели дека постигнал добар договор и дека во ЕУ добро се живеело. Народот чека Заев да каже што е тоа што е непријатно, повторувам, непријатно во е договореното за да го сподели со јавноста.

Зоране Заев, дали ќе ги избришеш Државно – правните традиции на Крушевската Република и историските одлуки на АСНОМ? Дали побараа од тебе да ги избришеш народноослободителните војни на Македонија? Дали прогонуваните и затвораните за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност? Дали Грците побараа од тебе, а ти спроведуваш бришење во Уставот дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“? Дали ќе ја избришеш Македонската православна црква?

СДСМ, Заев, Шекеринска, Димитров и другите „Северномакедонци“ мора да кажат што прифатиле со Капитулацијата која сега вас ве тераат да ја потпишете?

Се додека не кажат и го кријат Заев од дебата, плашејќи го народот со иднината, тие со лага ве водат кон бришење на идентитетот и креирање новокреирана вештачка нација во нова држава без историја, на територијата на капитулираната држава Република Македонија!

Граѓаните треба да ја знаат вистината и по тоа да се определат како ќе постапат, а не дали во ЕУ има бесплатно здравство и квалитетно образование! Никаква промена на најавените делови од Уставот, нема да го подобрат животот, ниту ќе изградат болници, ќе создадат школи, или ќе донесат пари! Се друго освен вистината што е прифатено да се менува во Уставот, е манипулација и изборен поткуп што го води СДСМ и Зоран Заев“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми