Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија за прашањето со Бугарија, кои ќе бидат дел од изборната програма

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија за прашањето со Бугарија и тие ќе бидат дел од изборната програма, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Наум Стоиловски, одговарајќи на новинарско прашање за пораките кои во Скопје ги испрати американскиот помошник-државен секратар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, кој посочи дека на претстојните избори има две опции, едната е патот кон ЕУ, а другата не е заинтересирана за Унијата.

-ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, истакна Стоилковски.

Епидемијата со Ковид-19 или коронавирусот во Македонија се шири, а за тоа најголема вина има неспособноста и неодговорноста на министерот за здравство Венко Филипче.

О ‘Брајан вчера од лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан, но и во интервјуто за МИА порача дека граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго.

-Затоа е особено важно сите да земат учество и јасно да ги искажат своите ставови. Како што кажав во текот на мојата претходна посета во ноември, важно е да се прашаат кандидатите каков им е планот за во иднина. Има еден пат што е означен, тој е контроверзен, и секој граѓанин треба да донесе сопствена одлука. И постои пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои или само претставува погоден начин за да се избегне да се каже дека всушност нема пат, рече О’Брајан во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски