Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје

Од:

Оливер Спасовски како министер е должен да каже зошто Комисија формирана од него, а водена од Музафер Каришиќ дала одобрение за оружје на Шукри Асани човек со досие од криминалната група Грчец на сега ликвидираниот Жила праша на прес конференција протпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Спасовски како министер е должен да соопшти колкумина со досиеја од групата на ликвидираниот Жила имаат одобренија за оружје од Комисија на МВР формирана токму од Спасовски? Спасовски и неговиот пулен, началникот на крим полиција, Музафер Каришиќ, мора да соопштат колкумина со крими досиеја од списокот „Безбеден град“ имаат добиено одобрение за оружје? Дали МВР со Комисијата на Каришиќ и Спасовски одобренија за оружје давале само на членовите на групата Грчец или и на другите крими групи во Скопје? И дали списокот со 50-тина криминалци од планот „Безбеден град“, всушност е список за давање на дозволи за оружје? Спасовски да соопшти колкумина во Македонија со криминално досие во полиција имаат полициско одобрение за оружје рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела