Стоилковски: Снаата на обвинителот Ислам Абази вработена кај Груби, па префрлена во АЕК

Од:

Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Тој на прес конференција покажа докумен за кој тврди дека е потпишана одлука од Груби од 04.04.2022, за вработување на снаата на Ислам Абази.

– Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти. Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК, рече Стоилковски.

Стоилковски потсетува дека директор на АЕК е Јетон Акику.

– Познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али Ахмети, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево вели Стоилковски.

– Има ли се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК, потенцираше Стоилковски.

– На изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница! Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Артан Груби, Перпарим Бајрами и шестмина други за злоупотреби во „Државна лотарија”

Горан Наумовски

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО