(ВИДЕО) Стоилковски: Преговорите за СЈО нема да се водат преку медиумска битка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека синоќа имало средба на која се разговарало за предлог-законот за јавнообвинителски систем, кој го вклучува и СЈО, по информациите дека синоќа се сретнале премиерот Зоран Заев, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, министерката за правда Рената Тренеска Дескоска и адвокатот Тони Менкиноски, кој е дел од работната група во преговорите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека се договориле во иднина преговорите да не се водат преку медиумска битка и да се фокусираат на донесување на квалитетно законско решение. Тој одби да коментира повеќе детали за средбата во однос на тоа дали е постигнат некаков напредок.

Претходно и Министерството за правда информираше дека вчера била одржана средба на која се разгледувал последниот законски текст за Јавното обвинителство, јави Министерството за правда.Оттаму преку сооопшение не посочија кој присуствувал на средбата, но истакнаа дека двете страни се согласиле консултациите за законот да продолжат, бидејќи клучните разлики и понатаму се присутни.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ