Стоилковски: Македонија не смее да е заложник на примитивизмот на Џафери

Од:

Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Примитивецот од Форино има функција којашто е втора во државата и по функција го менува претседателот на државата кога тој е отсутен. Јавноста имаше прилика да го слушне вистинскиот карактер на примитивецот од Форино. Онаков недостоен примитивен излив на бес во прашање ја доведува неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции! Државата не смее да биде заложник на апстиненцијални кризи и намалена деловна способност на човек именуван на висока државна функција за СДСМ да остане на власт. Државата не смее да е заложник во рацете на примитивецот од Форино само за пажот на ДУИ, пионот Димитар Ковачевски, да биде глув за примитивизмот на Талат Џафери, глуми премиер вели Стоилковски.

тој ги повика државните и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на како што рече заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто.

-Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања