Стоилковски: Македонија гори, Стојанче се фали со цртежи

Од:

– Македонија гори, Стојанче Ангелов споделува цртежи на социјални мрежи. Македонија гори, Ангелов се фали со карикатури. Целосна одлепеност од реалноста на оној кому што му е оставена сета заштита на државата рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Напорите за справување со огнената стихија ги координираат Австријци, Словенци и други странци. Странските медиуми ја претставуваат Македонија како да е во 14 век, за тоа време унапредениот Стојанче споделува цртежи и си игра со гранчиња. Тоа е системот на СДСМ во кризна состојба, среде оган. Системски одговор не е пораката „Се нека изгори, ние ќе платиме“, туку превенција, брза реакција, заштита на заедничките добра, шумите, полињата, градовите, личниот имот, заштита на човечките животи“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?