Стоилковски: Лукаревска партиски напредува заради долгот на фирмите на Заев

Од:

Не може да се напредува во СДСМ ако се нема дел или ако не се поддржува, затскрива криминал. Македонија се задолжува, долгот вртоглаво расте, Македонија е во рецесија, економијата е во слободен пад, наплатата на даноците е во лер, ама затоа СДСМ има решение – зголемени даноци за граѓаните – рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„На листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47-мото место на оваа листа е „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325 илјади денари, а на 55-тото место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812 илјади ненаплатени денари. Или вкупно над 75 милиони денари, за полесно, фирмите на Зоран и Вице Заеви должат еден милион 220 илјади евра данок кон државата. Семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќаат данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра. А, директорката на УЈП е унапредена во партиската хиерархија на Зоран Заев. Лукаревска од УЈП, каде Заеви должат за данок преку еден милион и 200 илјади евра, преку СДСМ најавува повисоки даноци за граѓаните“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?