Стоилковски: Ковачевски не е дипломец на Харвард, има неколкудневен курс кој скапо се плаќа

Од:

Димитар Ковачевски беше лажно претставуван како дипломец на Харвард, а Ковачевски тоа молкум го одобруваше. Но, Ковачевски го нема во системот на дипломирани на Харвард. Човек што лаже и премолчува лага за себе, е способен да лаже и да премолчува и одобрува лаги за сѐ понатаму рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Курсот на Харвард Бизнис Скул трае 3-4 дена. За присуство на курсот нема услови за примање, не се полага приемен испит, ниту пак потоа се полага некаков завршен испит. Единствено се добива сертификат за присуство. И тоа се плаќа, многу се плаќа. Но тоа не дава никаква поврзаност понатаму со Универзитетот Харвард, ниту пак има Алумни број, ниту пак диплома, ниту меил адреса, што е дел од документите на Харвард и другите светски универзитети.За тоа кој го минал Курсот таму не постои систем, а може да го мине секој со десетици илјади евра колку што тој чини.Ковачевски и без оваа лага беше наметнат во СДСМ затоа што Заев си постави свој разглас и му ги наполни изборните кутии, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски