Стоилковски: Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите?

Од:

Дарко Кaевски, најмладиот милионер во СДСМ, на 30 години и со административна плата од Агенцијата за млади и спорт успева во иста година, 2020-та, да се стекне со нов стан во Скопје и да изгради луксузна куќа, хациенда во медитерански стил, со базени и сите удобности, во скопско Волково рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дарко Каевски три дена не кажува дали има документи за градба на луксузната вила, ниту пак кажува дали има одобрение за копање базен, ниту пак за рушење на стариот објект. Да потсетам, на имот на потесното семејство на младиот милионер и портпарол од СДСМ, Дарко Каевски, легализиран е објект, којшто во 2020-та година, според фотографии од Гугл е срушен, а на негово место никнува луксузна хациенда. И тука се две главни прашања: Дали Дарко Каевски има документ за градба издаден од општината тогаш водена од СДСМ? Како прашање за изворот на парите, како со административна плата гради луксузна хациенда и се купува стан од 65 квадрати во Скопје во иста година вели Стоилковски.

Тој вели дека институциите мора да се отворат предмет и да кажат дали ова е резултат на самоволието на СДСМ, дали е резултат на аздисаноста на функционерите на јавните функции, дали ова е резултат на неработењето на министерот за борба со корупција, дали ова е резултат на посветеноста на личното богатење наместо грижа за државата западната во тешки кризи.

– Институциите за тоа се должни бидејќи Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ партијата на власт, носител на јавни функции пред и за време на градбата на луксузната вила. Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите. Молкот на институциите и молкот на СДСМ не смее да се гледа подалеку од обид за забошотување на скандалот, рече портпаролот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија