Стоилковски: И по 235 дена нема фабрика за автомобили, само празна нива во Тетово посеана со лаги од ДУИ и СДС

Од:

Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена. Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот рече портпаролт на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција на локацијата предвидена за фабриката.

– СДС и ДУИ се церемонијал-мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема. Ковачевски и неговиот газда Ахмети сега треба да одговорат каде е фабриката? Каде се 890 работници? Каде се автомобилите произведени во Македонија? Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра? Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестиции воопшто да нема? Велеа дека ова е “инвестиција што носи промени животот во локалната заедница, и дека ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции”! Е оваа празна нива место фабрика по 235 дена е вистината за владеењето на ДУИ и СДС, ова е сликата за иднината со нив, скапи церемонии и свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС, и празни плацеви, наместо фабрики вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина