Стоилковски: Директорот на Шилегов – Чомбе води група за уништување билборди и насилство, обезбедуван од полиција

Од:

Вчера во Скопје е нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ, советник од општината Аеродром, воедно претседател на општинскиот младински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта еден час по полноќ.Во тоа време група предводена од директорот на ЗОО Скопје, директор поставен од Петре Шилегов, познат како Чомбе, при присуство на полиција, води група за оштетување на изборните билборди на ВМРО-ДПМНЕ, што е најстрого забрането со закон рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Ова е дело против изборите и е забрането. Ова дело против изборите е правено и организирано и спроведено од директор поставен од Петре Шилегов и е направено во присуство на полицијата. Ова е нервоза на терен, знаат дека ги губат изборите и се повеќе се служат со физички насилства. Ова е класична злоупотреба, директор на ЈП, функционер од СДСМ, во присуство на полиција, организира група и дејствува против изборите. Сквернави пропаганден изборен материјал, на јавен простор.Нападот врз советникот се случува откако е забележано дека советникот ја снимил оваа групата, во ова нивно противзаконско делување. Тој бил заобиколен со возилата од групата предводена од Чомбе, по што следел и физички напад. Сето ова е пријавено во полициската станица, но во атмосфера и снедемократски систем, кога полициски службеници се користат како партиска милиција за притисок, терор и обезбедување при дело против изборите, како што е ова регистрирано на видеото, за сето ова ќе бидат известени сите релевантни амбасади и меѓународни институции надлежни за набљудување на изборниот процес“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче