Стоилковски: Дали МВР ги изгасна семафорите во Скопје согласно планот за рестрикции?

Од:

Дали МВР почна со редовно спроведување на планот за рестрикција на струја со гаснење на семафорите или правеше генерална подготовка за дејствување во криза праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Ова е документот, план за мерки и активности, функционирање на МВР и БЈБ во услови на кризна состојба заради недостаток на струја. Во него децидно стои дека организациските единици на МВР/БЈБ треба да спроведуваат „забрана, пренасочување и воспоставување на движење во урбани сообраќајници, регулирани со светлечки сообраќајни знаци“ цитирам , односно „зависни од електрична енергија“. Дали спроведувањето на овој план со дата од 16-ти ноември, е причината за парализирање на сообраќајот во Скопје пред два дена, кога без никаква најава МВР со часови ги исклучи семафорите, без да се соопшти било што или да се најави ваква рестрикција рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол