Стоилковски: Дали изведувачот на зградата „Шилегов“ има врска со тендерите на Скопје?

Од:

Петре Шилегов пред луксузната зграда – дивоградба, нема поставено ниту задолжителна информативна табла, табла со имиња на проектантот, инвеститорот, изведувачот, кој врши надзор над работата, најважното – бројот на дозволата за градење рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Покрај дозволата за градба, Шилегов, нека покаже и склучениот договор со изведувачот! Дали е тоа фирма којашто има некаква врска со тендерите во Град Скопје? Дали е тоа фирма -блиска до јавните претпријатија на Град Скопје? Има ли Шилегов некаква уплатница, уплата, финансиска трансакција кон таа фирма? Дали се работи за компензација? Или можеби благодарница за добиен тендер, работа за Град Скопје или јавно претпријатие под Град Скопје? Десетина дена за семејната зграда на Шилегов збори и се скандализирана сета јавност, само инспекциските служби, ниту од урбанизам на Карпош, ниту Државниот инспекторат за урбанизам никаде ги нема“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски