Стоилковски: Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија

Од:

Цел ден мина, а Димитар Ковачевски никаде го нема да одговори дали денес се срами што пред две години на Влада гласал за промена на име на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Ковачевски во налет на сокривање на вистината, не само што не одговара денеска, туку и го осуди преименувањето на „Втора македонска бригада“, за што и сам гласал пред само две години. Легитимни се прашањата дали Ковачевски е до толку неспособен што има куса меморија за своите дела, или е упорен во неуспешни лажења. Имајќи го ова предвид, логични се и прашањата: ако Ковачевски лаже за промена на име на улица, гласал за тоа, а денес глуми револтиран, тогаш што се може да се очекува да исплива од неговите преговори, договори и прифаќања од бугарските диктати во европската рамка, во насока на можни блокади на европската иднина, и неговите денешни убедувања за уставните измени како финален чин? Ако Ковачевски лаже и се крие за промена на име на улица, што можеби сокрива од ветувањата кон Софија праша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ