Стипендии за студии во Романија за академската 2022/2023 година

Од:

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2022/2023 година.

Стипендиите се наменети за странски државјани од земји кои не се членки на Европската Унија, за додипломски, магистерски и за докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.

Сите информации за овие стипендии заинтересираните кандидати може да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251

Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 15 март 2022 година, на интернет-адресата: https://scholarships.studyinromania.gov.ro/

Би можело да ве интересира

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

ВИДЕО: Романската војска го следела, но не го соборила дронот

Катерина Ѓуровски

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија