Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година

Од:

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust  доделува  до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Условите  за конкурирање, како што објави Министерството за образование и наука, се завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над  8.00, одлично познавање на англискиот јазик, кандидатите да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Во објавата на МОН се достапни информации за документите кои се потребни за конкурирање, начинот на поднесување на апликациите и линкови и контакти за повеќе детали за стипендиите.

Рокот за поднесување на документите е 1 март 2022 година.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите