Стерјовски: Во Албанија единствено живее македонско малцинство

Од:

Во албанскиот законодавен дом се одржа јавна расправа за Нацрт- законот за заштита на малцинствата, на која учествуваше шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, како и претставници на малцинставата, кои со овој документ добиваат и официјално признавање.

На јавната дебата присуствуваше и претставник на Здружението за бугарско – албанско пријателство. Бугарија побара малцинство во Албанија, но против ваквото барање не беше само шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, туку и Македонците, пренесе тиранската телевизија Топ чанел.

Васил Стерјовски, претставник на „Македонска алијанса за европска интеграција“ (МАЕИ), на дебатата посочи дека не постои бугарско малцинство во Албанија.

– Во Албанија не постои бугарско малцинство. Тоа е деформација на историјата и на вистината. Во Преспа, Гора, Голо Брдо каде се претендира дека наводно има бугарско малцинство, живее единствено македонско малцинство. Ова барање на Бугарија е во рамките на нејзниот проект за „Голема Бугарија“. Доколку се признае бугарско малцинство тоа ќе биде геноцид врз Македониците, рече Стерјовски.

Министерот Бушати оцени дека ова поглавје, во овој миг, за Албанија е завршено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски